
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини Европскиот парламент дека почнал да го применува „Планот на Сорос“.
Тој ова го изјави откако одборот на ЕП за граѓанските слободи, правосудство и внатрешни прашања (LIBE) го усвои извештајот за примена на Даблинскиот договор.
„Извештајот на LIBE “ја занемарува опасноста дека постои поврзаност меѓу миграцијата и тероризмот“, изјави Орбан додавајќи дека примената на овој договор исто така ќе ги ограничи овластувањата на државите членки.
Тој оцени дека и покрај “загрижувачките разлики по овие прашања“ меѓу Вишеградската четворка и Европската комисија, работната вечера на лидерите на Вишеградската четворка и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во средата била успешна.
Исто така додаде дека постои добра шанса за подобрување на соработката, пренесува „МТИ“. Според неговите зборови, несогласувањата по прашањето за безбедноста на Европа и миграцијата повеќе се вкоренети во културолошки отколку во политички разлики.
„Разјаснивме одреден број на прашања, околу кои не се согласуваме и успеавме да му кажеме на Јункер дека сакаме повеќе почитување за народите од Централна Европа, меѓу кои се и Унгарците“ – изјави Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


