Министерите за внатрешни работи на членките на Групата седум индустриски најаразвиени земји во светот (Г-7) постигнаа договор за блокирање на материјали на интернет сајтовите, кои поттикнуваат на тероризам.
За време на состанокот на италијанскиот остров Искја, министрите се сретнаа со претставници на Гугл, Фејсбук и Твитер за да разгледаат како може да се запре радикализирањето преку интернет содржини.
– Интернетот е едно од средствата за врбување, радикализација и обука на странски борци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити, кој беше домаќин на состанокот.
Според Минити, џихадистите од Исламската држава (ИД) имаат огромен успех во своите активности преку социјалните мрежи, каде регрутираат висок процент од своите членови.
Министрите воедно предупредија дека по падот на Рака, последното урбано упориште на ИД на Блискиот Исток, може да се очекува прелевање на преживеаните џихадисти во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија Трамп на Самитот Г7 се појави со модел на „Долче и Габана“ од 51,500 долари (галерија) (видео)
-
Г7 – Санкциите спрема Москва зависат од примената на договорот од Минск
-
Самит Г7: За Меркел САД се клучниот партнер на Германија
-
Илјадници демонстранти во Баварија против одржувањето на самитот Г-7