Алијанса за Aлбанците обвини дека на гласањето на 15 октомври имало поткуп на гласачи во Струга од страна на едно лице. Доказите со кои располагале како и аудио материјал, на це – де ќе го достават до Основното јавно обвинителство во Струга, со цел негово понатамошно процесирање. Во врска со информацијата која се појави во јавноста за наводно одземени 3.000 лични карти на граѓани на Струга, со цел да не можат да излезат на гласање во вториот круг, од партијата повикаа секоја информација граѓаните да ја пријавата во надлежните институции.
„Кривична пријава против лицето Арменд Кадриу од Струга, ректор на Меѓународниот универзитет во Струга бидејки постојат индиции дека сторил кривично дело повреда на изборниот процес, бидејки спротивно на Изборниот законик, во изборниот процес за избор на градоначалник и советници на општина Струга на локалните избори на 15 октомври, лично купувал гласови во полза за кандидатот за градоначалник и кандидати за советници од политичката партија ДУИ. Како доказ приложуваме це – де со тонски записи. Бараме од Основното јавно обвинителство да го истражи случајот“, изјави Гариб Каба, претседател на изборен штаб на Алијанса на Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.