| четврток, 6 декември 2018 |

Поткуп во ромските маала со асистенција на МВР: Додека колегите правеа периметар околу куќите, внатре во маалата слободно и безгрижно активисти на СДСМ даваа поткуп на Ромите

Сите маала во кои живеат граѓани од ромската етничка заедница, во сите градови во државата без исклучок, во текот на изборната кампања беа буквално окупирани од страна на доверливи полицајци под директна контрола на лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, вели извор од МВР за Курир.

-Додека колегите правеа периметар околу куќите, внатре во маалата слободно и безгрижно активисти на СДСМ даваа поткуп на Ромите, додава изворот.

Како најеклатантни примери нашиот извор ги наведува населбата Тризла во Прилеп, Ромското маало во Струмица, населбата Баир во Битола, ромското маало во Штип, во Кочани, во Ѓорче Петров итн..

Во Ѓорче Петров Оливер Спасовски влезе во ромското маало во петокот навечер. Додека тој беше внатре околу маалото имаше најмалку 70 полицајци кои не дозволуваа никој да влезе во него, вели граѓанин од оваа скопска населба.

Во Битола пак во населбата Баир активисти на СДСМ биле возени во полициски возила и оделе од куќа до куќа во населбата за да поткупуваат граѓани да гласаат за кандидатката на СДСМ, а биле штитетни од самата полиција, вели извор од Битола.

Во Прилеп од страна на полицијата била блокирана главната улица, а активисти на СДСМ предводени од директорот на Центарот за социјални работи влегувале по куќите на социјално ранливите семејства, велат поголем број на прилепчани.

Има и други примери за вакво самоволно и незаконско постапување на дел од полициските структури кои биле под директна контрола на посебна единица која според информациите, добивала наредби директно од врвот на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top