Според Фенг Шуи филозофијата одредени работи во нашиот дом можат да привлечат негативна енергија и ја блокираат позитивната.Токму заради тоа потребно е да се ослободиме од тие производи.
1.Суво цвеќе
Со оглед на тоа дека растенијата симболизираат раст и напредок, исушените или овенати билки според фенг шуи традицијата треба веднаш да се исфрлат.Старото и овенато цвеќе претставува стагнирање и не дозволува напредок во било која насока. Затоа веднаш ослобедете се од старите букети и одберете нов со кој ќе го освежите просторот.
2.Скршени предмети
Според филозофијата на фенг шуи, скршените и нефункционални предмети со тек на времето негативно се манифестираат во вашиот живот.Многу е подобро просторот да биде празен, отколку во домот да држите скршени и нефункционални предмети, сметаат експертите за фенг шуи.
3.Несакани подароци
И покрај позитините намери, многу луѓе сигурно барем еднаш во животот добиле подарок кој не го сакале. Иако може да го цените гестот, чувањето на несакани предмети влијае на вашиот мир.Во најскоро време ослободете се од таквите предмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.