| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември

Американската министерка за внатрешни работи Елејн Дјук верува дека терористичките групи подготвуваат нови воздушни напади.

– Терористичките групи, без разлика дали е ’Исламска држава’ или некоја друга, сакаат да направат  голема експлозија, како онаа од 11 септември 2001 година  – изјави Дјук за време на нејзиниот говор во американската амбасада во Лондон.

Според неа, нападите со користење на комбиња и ладни оружја имаат за цел да создадат страв во општеството, но тоа не значи дека екстремистите ја напуштиле својата основна цел и  сценариото  со авиони.

– Терористите се силни, брзо се адаптират и заканата од терористички напади  сега е на највисоко ниво, на што мора сите да се спротиставиме – рече Дјук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top