Фолк пејачот Аца Лукас и неговата сопруга Соња прв пат се видени на исто место после крахот на нивниот брак, а парот заедно дошол од Виена во Белград.
Александар и Соња Вуксановиќ со месеци не комуницираат откако на површина испливаа нивните неверства, преписки, препукувања. Сепак после повеќе месечниот судир, дури и забрана за приоѓање која фолкерот ја доби после караницата и наводен напад, кој се случил во нивниот поранешен дом, очигледно решиле да ги закопаат воените секири заради интересот на заедничкото дете.
Соња и Аца видени се заедно на летот Виена- Белград. Прва се појавила Соња, која сама го влечела куферот и забрзано се движела кон паркиногт, а неколку секунди подоцна излегол Аца со ќерката Викторија.
На прашањето на новинарите од каде тој и Соња заедно и дали тоа значи дека се смириле, Лукас невешто се обидел да го избегне одговорот.
-Ма не, таа одеше посебно, а јас со ќерка ми- рекол Лукас, за потоа да објасни во каков однос е сега со Соња.
-Не сме Соња и јас во никаква љубов, туку нормално кумуницираме поради детето-заклучи фолкерот, кој потоа ја внел својата миленичка во автомобилот, видно расположен. Се поздравил со пријателите кои ги сретнал и влегол во автомобилот.
Додека Лукас привидно отишол од аеродромот, Соња се уште била на другиот крај на излезот со багажот и разговарала по телефон. Потоа го запрела првото такси и отишла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.