| четврток, 6 декември 2018 |

„Љубов моја“ е новата шпанско-македонска песна на Марко Логаут (видео)

„Ми амор“ или „Љубов моја“ е најновото музичко остварување на кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како – Марко Логаут. Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска.
Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото се потпишува Никола Китановски.
– Доколку треба да издвојам некој збор за новата песна, тие зборови би биле да уживате во наредните четири минути во еден лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина – вели Марко Логаут.
Слушнете и погледнете го видеото за неговата најнова песна:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top