| четврток, 6 декември 2018 |

„Готен“ го објави наградуваниот роман од Клара Санчез на македонски јазик

Со големо задоволство ве известуваме дека во издание на издавачката куќа „Готен“ излезе книгата „Небото е повторно на своето место“ од шпанската писателка Клара Санчез. Романот во 2013 година ја доби една од најзначајните награди од шпанското говорно подрачје, „Премио Планета“, воедно станувајќи и светски бестселер. Преводот од шпански јазик е на Марија Саревска-Тодоровска.

„Небото е повторно на своето место“ е приказна за Патриција, млада манекенка, која судбински е предодредена да стане позната и успешна. Во продолжение, романот се развива како една суптилна, иако по малку стравична мистерија за цената што треба да се плати за нечиј успех.

Како што оценуваат критичарите Санчез е мајстор да создаде психолошки уверливи и комплексни ликови, кои ги комбинира со напнатата приказна.

Санчез сака да каже колку е животот непредвидлив, и како едно навидум случајно нешто може да го разјаде човека однатре и да го осуди на пропаст. Недовербата и сомнежот е современата болка која го разјадува општеството, заклучува Санчез со една префинета луцидност, но и игрива суровост.

Клара Санчез е шпанска писателка и професорка на факултет. Веќе во 2000 година со нејзиниот роман во кој ја истражува збунетоста и отуѓувањето на денешната младина ја доби престижната награда „Алфагвара“. Нејзините дела се печатат со голем успех во Шпанија и во Латинска Америка. Во 2010 Санчез ја доби и најпосакуваната награда за книжевност во Шпанија, „Премио Надал“, за еден психолошки трилер во коj еден преживеан шпански републиканец од концентрациониот логор Маутхаузен Грусен се среќава со постара двојка германски туристи во Коста дел Сол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top