Советот за национална безбедност на Турција по денешното заседание препорача да биде продолжена вонредната состојба во земјата, воведена по минатогодишниот неуспешен обид за државен удар.
Предложената мерка ќе биде поднесена за гласање во турскиот Парламент.
Претходно, турскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба во Турција до 19 окомври.
Советот денеска препорача и затворање на турскиот воздушен простор за авиони од Ирачки Курдистан.
Според советот, во моментов најдобро е ирачкиот граничен пункт, што е под контрола на Ирачки Курдистан, да премине под контрола на централната Влада во Багдад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.