Сте се сретнале со пријатели кои не сте ги виделе многу време. Состанокот сте го договориле преку Вибер и веднаш кога сте направиле селфи, сте посетиле ресторан за да се чекирате на Facebook, а потоа секако и фотка за Инстаграм.
Коментарите на фотографијата започнале да се редат, а на вас ви пристигнуваат пораки на Вибер и WhatsApp од другари со кои се немате видено некое време.
Звучи познато? Можете ли да се пронајдете овде? Ако одговорот е позитивен тогаш покажувате знаци на зависност од социјални мрежи, пишува The Quint.
Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа:
1. Постојано се чувствувате дека не го живеете „тој живот“
Еден од триковите на социјалните мрежи е да ве натераат да верувате дека сите си го „живеат животот“.
Бројните селфиња, чекирања во ресторани и клубови… се изгледа како непрекината забава. Неретко се тоа параметри според кои луѓето се оценуваат себеси во денешно време.
Истражување од 2014 година, во кое научници го испитувале мозокот кај некои луѓе како функционира на социјалните мрежи и откриле дека тој побргу реагира на известувања од овие мрежи отколку на семафор и сообраќајни знаци.
2. Стравот од изостанок станува неконтролиран
Чекирање на вашите пријатели на некое место или настан започнува да ве нервира затоа што вие не сте таму. Ако ова ви се случува, сериозно би требало да размислете околу тоа колку време поминувате на социјалните мрежи.
Не можете да биде присутни на сите места одеднаш и тоа воопшто не треба да влијае врз вашето расположение.
3. Дали Facebook ви е најдобар пријател?
Се будите и легнувате со телефон во рака проверувајќи ги нотификациите на оваа социјална мрежа.
Секако дека денес преку Facebook можете некого полесно да известите за нешто, но дигиталните врски не можат да ги заменат вистинските.
Покрај тоа користењето на социјалните мрежи може да ги доведе луѓето до потполна депресија.
4. Создавате различна слика за себе
Доколку сте некој кој за себе, преку социјалните мрежи, проектира сосема различна слика од она што навистина е во реалноста, тогаш веројатно имате проблем.
Не треба да се трудите да бидете нешто што не сте, само за да задоволите одредена група на луѓе.
5. Личното станува јавно
Светот воопшто нема потреба да знае дали вие сте вљубени, лути или возбудени.
Постојаното објавување на статуси на социјалните мрежи, прикачувањето на селфиња на сите можни локации (од ресторан до тоалет) на Facebook и Инстаграм не е воопшто кул.
Прекинете да собирате „лајкови“, опуштете се и вистински уживајте во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го запознала на социјалните мрежи – наместо пријатна средба, се обидел да ја силува
-
Која социјална мрежа е најлошо влијае на психичкото здравје?
-
Разголена и без грам шминка – селфито на Сека е хит на интернет
-
СДСМ продолжува да се откажува од сè што е македонско- нивниот кандидат за градоначалник на Ѓорче ги следи постапките на Заев