| четврток, 6 декември 2018 |

Син го спасил неподвижниот татко од опожарената куќа

Семејна драма се случувала вчера околу 12,30 часот во Прилеп на улицата „Бистра Планина“. Син успела да го спаси неподвижниот татко од опожарениот дом. Триесет и петгодишниот Ш.Б. низ прозорец го извлекол татка си од семејната куќа во која од засега непознати причини избувнал пожар.

Според полицијата, целосно е опожарена собата на приземјето каде бил сместен неговиот татко. На првиот кат од куќата изгорена е целосно целата покуќнина како и осум сандаци со мед. Во пожарот е зафатена и кровната конструкција од стариот дел од куќата во која живее неговиот брат Ш.Т. Од пожарот е причинета материјална штета од околу 500.000 денари. Од страна на екипи на територијална противпожарна заштита, пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top