Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) соопшти дека ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на избирачкиот одбор на изборното место 2645, Христина Јовановска, поради обид за спроведување т.н. бугарски воз.
–Денешниот изборен ден во општина Карпош почна бурно и со неправилности. Околу 10.30 часот на изборното место број 2645 забележан е обид на таканаречен бугарски воз, каде што набљудувачите веднаш реагирале и истото место е затворено“, велат од партијата.
ГРОМ, исто така, го повика СДСМ да не го урива меѓународниот углед на Македонија со вакви изборни нерегуларности
-СДСМ да не се бламира со вакви испади и нерегуларности, бидејќи Карпош отсекогаш бил пример за фер и демократски избори. Со вакви изборни активности, СДСМ прави повеќекратна штета на меѓународниот углед на државата. Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да издаде налог за апсење на актерите за направените тешки прекршувања на Изборниот законик, велат од ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.