| четврток, 6 декември 2018 |

Индиецот Субрата ја продолжува посетата во Македонија

Индискиот милијардер Субрата Рој ја продолжува посетата на Македонија каде што ќе остане до петок, информираат од кабинетот на вицегувернерот Зоран Ставревски.

Целта на посетата на Рој е почеток на подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“. Тој треба да ја постети  посетата тој ќе ја посети локацијата за градба на туристичкиот комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода . Планирано е за време на посетата Субрата Рој да разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделието, туризмот и други економски сектори.

Проектот „Сахаријан Македонија“ е проектиран од една од најпознатите светски британски архитектонски компании „Аткинс“ и архитектот Том Врајд кој го има проектирано и грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со 7 ѕвезди во светот. Исто така, тие се дизајнери на еден од најлуксузниот и најголем патнички брод во светот – Oasis of the Seas. Имаат дизајнирано луксузни објекти во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Сејшелските острови, Индија, Тајланд, Кипар, Индонезија, и многу други земји.

Инвестицијата од Субрата Рој, посочуваат, ќе ја продолжи туристичката сезона во Охридскиот регион да биде 365 дена во годината, ќе креира и илјадници работни места и ќе го поттикне градежништвото и други индустриски дејности во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top