Четиригодишшно девојче од Теарце денеска е повредено, откако на него налета возило.
Несреќата се случила околу 11 часот, на локалниот пат во тетовското село Теарце, кога патничкото возило „ауди А4“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 24-годишниот Б.Е. од село Глоѓи удрило во девојчето. При ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на лева нога, и веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница.
По укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.
Увид по овластување на јавен обвинител, извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Првично, причина е невнимание на пешакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.