| четврток, 6 декември 2018 |

Се степале затвореници, еден завршил на Ургентен

Двајца осуденици се степале во Казнено поправната установа Идризово, при што едниот од нив завршил со тешки телесни повреди.

На 14.10.2017 година во 15.30 часот во кругот на Казнено поправната установа -Идризово, поточно во затворската амбуланта, дошло до расправија помеѓу осудениците М.Д. и С.М., при што М.Д. го удрил со тупаница во пределот на лицето С.М. кој со амбулантно возило бил пренесен во Ургентен Центар, каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е вратен назад во Казнено поправната установа. Се преземаат мерки  за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top