Една од најубавите песни на нашата музичка легенда Тоше Проески, „Кад вараш ти“, ја доби најубавата преработка досега и тоа од младиот и талентиран пејач Огнен Здравковски.
За прекрасната преработка, Огнен сними и видеоспот, а песната веќе се врти на скоро сите наши радиостаници.
По само неколку дена од објавувањето на ова музичко дело, Огнен учествуваше и на нашиот најреномиран фестивал „Макфест“ каде се претстави со неговата „Зошто не се јавиш“. Како текстописец на макфестовската песна на Огнен се потпишува Елвир Мекиќ, додека музиката и аранжманот се дело на Никола Автовски.
– Изминативе шест месеци работев напорно на овие две песни. Со Тоше и неговите песни од секогаш сум бил емотивно приврзан, па затоа сакав да препеам и преработам еден од неговите хитови. Ја одбрав „Кад вараш ти“ бидејќи ми е една од трите мои омилени песни од Тоше. Се потрудив да ја донесам песната во мој стил и се надевам дека ќе ви се допадне. А и песната од „Макфест“, како што гледам веќе е одлично прифатена кај публиката. Иако не освоив ни една од наградите, според коментарите и пофалбите што ги следам на социјалните мрежи таа веќе е доста слушана. Очекувајте уште многу нови работи од мене за во иднина – вели Огнен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.