Ако сте суеверни, тогаш утре би требало да останете в кревет опкружени со среќни амајлии или да фрлите три вреќи сол преку рамо, затоа што овонеделниот петок не само што е 13-ти, туку на тој ден ќе имаме и полната Месечина.
Суеверните верувања дека „петок 13-ти“ во комбинација со полната Месечина значат несреќа, не ги одмина ниту медиумите и интернет порталите
Така, нозозеланскиот портал „Доминион Пост“ објави дека овој петок би можело да биде „едноставно страотен“, а американскиот „Њуз фор Џекс“ драматично наведува дека „полната месечина се поврзува со земјотреси, а сега стигнува двојна закана, полната Месечина и петок 13-ти“.
Сепак, најголема помпа околу ова случување има на социјалните мрежи каде има најави за „нова апокалипса“, како и за појава за врколаци и слични ѕверки.
Ваков случај имало и на 13 октомври 2000 година, следна ваква двојна драма не очекува во 2049 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.