| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава куќата на Пикасо

Вилата на Азурниот брег, во која Пабло Пикасо ја помина последната година од својот живот, ќе биде понудена на аукција.

Куќата и имотот во Мусен близу Кан сега се проценуваат на 20,2 милиони евра. Шпанскиот сликар ја купил куќата во 1961 година и умрел таму 12 години подоцна, на 8 април 1973 година.

По смртта на Пикасо, неговата последна сопруга Жаклин Рок живеела во куќата до нејзиното самоубиство во 1986 година. Нејзината ќерка Кетрин Утен-Блу, родена од претходниот брак била наследничка на куќата и потоа ја продала за повеќе од 10 милиони евра.

Пред куќата да биде во сопственост на Пабло Пикасо и припаѓала на семејството Гинис, а Винстон Черчил редовно летувал во неа.

Куќата неодамна беше купена од финансиер од Шри Ланка, Рајо Витанаге, но не е јасно дали оваа трансакција е целосно финансиски имплементирана.

Имотот на Пикасо, кој се протега на над три хектари, има прекрасен поглед на Кан и неговите планини, но тоа е прилично бучна околина. Од период на Пикасо оригинална е само собата која беше студио и каде што може да се видате остатоци од бои, но на имотот нема ниту едно дело од шпанскиот уметник.

 

извор:експрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top