Речиси 124 милиони деца во светот се со екстремно повисока тежина за возраста, алармира Светската здравствена организација.
Во извештај се нагласува дека бројот на дебели деца е зголемен десетпати од 1975 година до 2016 година. Освен 124 милиони деца кои се дебели, речиси други 123 милиони се со прекумерна тежина, нагласуваат авторите.
– Лошата вест е што распространувањето на прекумерната тежина меѓу возрасните (од 20 години нагоре) како и децата и младите (5-19 години) расте во други региони во светот, се нагласува во извештајот.
Бројот на девојчињата кои се дебели е зголемен од пет милиони во 1975 година до 50 милиони во 2016 година. Момчињата со тежина над адекватната за годините исто така е зголемен – од 6 милиони на 74 милиони.
Во 2016 година најголемо е нивото на регистрирана прекумерна тежина кај деца во Полинезија и Микронезија (25,4 отсто од девојчињата и 22,4 отсто од момчињата). Следуваат држави со високи приходи по глава на човек вклучително САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Ирска и Велика Британија.
Експертите наведуваат дека во 2022 година бројот на деца и млади со прекумерна тежина ќе биде поголем од бројот на деца кои страдаат од неухранетост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.