| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес во Чиле, засега нема информации за жртви

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во севериот дел на Чиле, соопшти Американскиот геофизички институт.

Потресот бил на длабочина од 82 километри под површината на земјата, со епицентар на 73 километри источно од градот Арика.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не издадено ниту предупредување за можна појава на цунами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top