| четврток, 6 декември 2018 |

Мостот „Око“ ќе биде готов за четири месеци

Пешачкиот мост „Око“ што ги поврзува Кејот 13 Ноември и новоизградениот Археолошки музеј треба да биде готов за четри месеци. Општина Центар ја избра градежната компанија „Бетон“ за довршување на изградбата на мостот. Договорот бил потпишан во крајот на декември минатата година.

Градежните активности на мостот „Око“ подолг временски период се замрени, работниците се повлечени од терен, а недовршениот објект е ограден за да се заштитат минувачите на кејот. Српската леарница „Јеремиќ“ ги изработи скулптурите што треба да се постават на пешачкиот мост. Се работи за 29 бронзени скулптури на благородници, антички и пајонски кралеви, кнезови и други ликови, чија висина ќе изнесува по два метри. Мостот почна да се гради  во септември 2009 година, врз основа на идејното решение на Борислав Јосифов и на професорот Коста Мангаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top