За гневот ,односно бесот на децата не се виновни децата, туку родителите кои од желба на своите деца да им овозможат сé, им овозможиле премногу.
Кога детето сѐ решава со плачење
Непостојаните правила водат кон поместување на границата и разгаленоста кај децата. А правилата и границите ги поставува родителот, без разлика дали станува збор за џамлии, сликички, коцки. Договорете се на почетокот и држете се до договорот, советува Д-р Рајовиќ.
–Сигурно сте биле во ситуација вашето дете да бара нешто да му купите. Родителите често попуштаат, детето бара нешто, не можете да го запрете и попуштате. И тоа постојано се повторува, па детето учи дека со плачење може да го добие она што го сака. Ова не смее да се случи. На пример, во едно предавање реков дека џамлиите се добри. А родителите, викендот му купиле на своето дете 100 џамлии, другиот ден дошла бабата и донесла уште 100. Е тоа повеќе не е игра. Бидејќи утре детето ќе дојде во трговскиот центар и ќе бара уште џамли, мајката прво вели не може, но по одредено време попушта. Половина час подоцна, детето гледа други џамлии и повторно бара од својата мајка, но сега на негодувањето на неговата мајка, почнува да плаче, да вика. Мајката не може да слуша од срам и повторно попушта. Во таа ситуација родителот е проблем, а не детето.
Како да се контролира гневот кај децата
Детето кое нема друг начин да го реши проблемот го решава со плачење или изливи на бес. Најчесто тоа се разгалени деца кои сакаат сè и веднаш. И во овој случај поставување на граници е важно.
–Би сакал на прво место да го споменам големиот проблем на денешницата – тоа се видеоигрите. Голем број деца седат и играат со часови. Тогаш се случува детето да биде наградено со одредена количина на ендорфин на секое поминато ниво, па ред на ендорфин, ред допамин. Тоа е како детето да се дрогира. Кога детето ќе излезе од виртуелниот свет, не може да седне и да чита книга или да учи. Неговиот мозок добил одредено фреквентно ниво кое нас биолошки не ни припаѓа. И детето во реалниот свет не се снаоѓа. Нема социјализација, постои низок праг на толеранција и проблемите се движат, а еден од нив е излив на бес. Границите мора да се постават, бидејќи подобро да се спречи отколку да се лечи.
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на центарот “Никола Тесла“, оддел за млади таленти, поставувајќи ги темелите на креативниот систем за учење на НТЦ. Основа на оваа студија е современите научни откритија од невронауката и педагогијата.
извор http://epilepsijamakedonija.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.