Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг од Струмица истакна дека во оваа општина невработеноста која е резултат на ВМРО-ДПМНЕ е намалена за речиси 50 проценти.
-Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот од 2006 година до 2016 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми вработеноста од 560.000 на 733.000 врабоени. Само во Струмица, бројот на вработени лица во 2006 изнесуваше 11.500, а на крај на 2016 беше 16.000, меѓу кои и 1.000 вработени во фабриката „Џонсон Контролс“. Тоа се 3.400 нови работни места во Струмица. Во ТИРЗ Струмица се отвори Џонсон Контролс која во моментот има вработено безмалку 1.000 лица, а бројот на вработени ќе се зголемува, вели Груевски.
Тој додаде дека инвестирале и во патната инфраструктура. Изграден е магистралниот пат Струмица- Радовиш, а се привршува и со патот Скопје-Штип.
-Се изгради регионалниот пат Мокрино– Смолари и регионалната делница Куклиш- Банско. Вредноста на овие два проекти изнесува преку 11 милиони евра. Реконструиран е регионалниот пат Анѓелци-Вељуса- Водоча- Баница и дел од регионалниот пат на потегот од Р604 Струмица (М-6)-Нов Дојран- Дојран. Ова е инвестиција вредна 250 милиони денари. Го реконструиравме и државниот пат Р1401, делница Раброво-Костурино. Ги завршивме и локалните патишта: Муртино – Свидовица, Добрејци – Индустриска зона Добрејци, Струмица- Попчево, прв дел од патот М-6- Сачево, Покрајчево – М-6, Јаргулица- М-6, Габрово- водопад. Ова се инвестиции со вредност преку 100 милиони денари. Изградивме водоснабдителен систем за водоснабдување на Дабиле и фекална канализација во Муртино. Во Општата болница во Струмица, обезбедивме нова најсовремена медицинска опрема, во вредност од над 100 милиони денари. Отворивме и центар за интервентна кардиологија со што се овозможува побрз третман на пациенти, поблиску до нивното место на живеење, вели Груевски.
Тој нагласи дека било вложено и во образованието при што извршена е реконструкција и санација на 14 училишни објекти меѓу кои основните училишта ,,Никола Вапцаров’’, ,,Даме Груев’’, ,,Герас Цунев’’ во Просениково, ,,Сандо Масев’’, ,,Маршал Тито’’ во Муртино и средните училишта ,,Јане Сандански’’, ,,Никола Карев’’, ,,Димитар Влахов’’.
Изградена е спортска сала во Куклиш, спортско игралиште во Костурино, а со инвестиција вредна 38 милиони денари, изградивме и спортска сала во средното училиште Димитар Влахов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски