| четврток, 6 декември 2018 |

Гром удри во дрво: Домаќинот пронашол ќуп со златници кој му го смени животот

Несекојдневна ситуација се случила во дворот на семејството Митровиќ, кое живее во Аранѓеловац во Србија. Во текот на невремето гром удрил во старо дрво после што низ дворот одекнала експлозија.

Гром го погодило дрвото кое било старо повеќе од 100 години. Сопственикот утрината излегол во дворот да ги исече гранките, а во коренот на дрвото пронашол нешто чудно. Прочепкал и нашол ќуп полн златници. Во ќупот имало повеќе од 2000 златници, а вредноста се проценува на 300.000 евра, може и повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top