Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека знаел за постоењето на атомска бомба во Северна Кореја уште во 2001 година бидејќи тоа лично му го кажал тогашниот лидер Ким Џонг Ил.
Путин рече дека во 2001 година на враќање од Јапонија навратил во Северна Кореја каде се сретнал со таткото на сегашниот лидер Ким Џонг Ун кој му рекол дека Пјонгјанг има атомска бомба, објави новинската агенција „Тас“.
Тој истакнал дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е рационален политичар, што е факт кој САД мора да го земат предвид во својата политика кон Пјонгјанг, нагласи Јонг Сук Ли, помошник на заменикот директор на ЦИА задолжен за Северна Кореја.
– Ким Џонг-ун е рационална личност. Во САД често се потценува неговата конзервативност. Тој сака долго да владее и да почине во својот кревет, истакна експертот на ЦИА за Северна Кореја.
Повеќемина американски функционери, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп, го опишуваа Ким како ирационален и „лудак“.
Јонг истакна дека Северна Кореја навикнала да биде во дефанзива и така да се однесува, а тоа е поради својата историја и бидејќи е опколена од големи светски сили.
– Северна Кореја е политички организам кој опстојува благодарејќи на конфронтација, нагласува Јонг.
Според него, воинствената реторика на Ким и желба по секоја цена да ја одржи нуклеарната програма на својата земја, не значи дека тој ќе донесе ирационална одлука да лансира нуклеарна ракета кон САД.
– Одлуката да испрати атомска бомба врз Лос Анџелес не е во негов интерес доколку сака да преживее, истакна Јонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.