Огромни нови задолжувања, пад на индустриското производство, пад на извозот, пад на просечната плата – ова се само дел од негативните индикатори за македонската економија, кои јасно покажуваат дека политиките на Владата ќе ја однесат земјата во рецесија.
После неколку години, под власт на СДСМ, Зоран Заев и Драган Тевдовски, за прв пат е забележан пад на бруто домашниот производ (БДП), и тоа од 1,8%. Ако порано, во кварталите БДП знаеше да расте и по 4%, сега за прв пат имаме пад. Во исто време, во третиот квартал од годинава индустриското производство забележа пад од 2,2%. Извозот пак е намален за 8,2%.
Во последниот извештај на Светскиот економски форум, Македонија воопшто ја нема на листата. Од вкупно 137 земји, Македонија не е ниту приближно до Јемен, Замбија или Уганда, кои се меѓу најнеконкурентните економии во светот. За потсетување, Македонија до лани постојано напредуваше на листата. Беше рангирана на 80-то место во 2012-та и успеа да напредува 12 позиции до лани кога се најде на 68-то место.
Заев и Тевдовски за помалку од 4 месеци ја задолжија државата за 500 милиони евра
Република Македонија вчера се задолжи за уште 72 милиони евра според информациите од Народна Банка на Република Македонија. Првично владата на СДСМ изјави дека ќе се задолжи за 61 милион евра но со оваа обврзница Македонија се задолжи за 72 милиони што е за 11 милиони евра повеќе.
Со вчерашното задолжување, владата на СДСМ ја задолжи државата за вкупно 320 милиони евра, додека од државните резерви се истрошени 177 милиони евра.
За четири месеци владата ја задолжи државата за 320 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи дополнителни 177 милиони евра. Тоа вкупно околу половина милијарда евра за само четири месеци од владеењето на новата влада
Владата на Република Македонија ја задолжи државата преку 6 месечни записи, 2 годишни, 3 години и 15 годишни обврзници.
Инаку според информациите новата влада планира да спроведе уште 6 аукции за додатно задолжување во наредниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот