Германката Ренате Лангер поднесе пријава против режисерот Роман Полански поради силување пред 45 години, кое, како што наведува, се случило во неговата куќа во едно алпско одморалиште, соопштија швајцарските власти денеска.
Лангер (61) поднесе пријава во полиција во Сент Гален минатата недела, тврдејќи дека Полански (84) ја силувал во својата куќа на Алпите во февруари 1972 година, соопштија полицијата и регионланото обвинителство.
Лингер за „Њујорк тајмс“ изјавила дека чекала со пријавата за силување бидејќи се грижела како на тоа ќе реагираат нејзините родители, кои неодамна починале.
Како што објаснила, таа отишла во куќата на Полански бидејќи ја повикал на кастинг за филм. Во тоа време таа работела како модел во Минхен.
Полански побегна од САД во Франција во 1978 година откако беше проласен за виновен за силување на тогаш малолетната Саманта Гејмер во Калифорнија.
Гејмер летово побара од судот да го отфрли нејзиното обвинение против режисерот, наведувајќи дека верува оти неговиот повеќедецениски егзил е доволна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.