Дарко Петковски-Спејко и струмичанката Љупка Митрова очигледно го имаат рецептот како да го добијат вниманието на јавноста и медиумите.
Најпрвин, изненадување беше нивната врска која ја открија пред сите, а потоа одлучија да започнат со жешко бомбардирање од провокативни фотографии кои веќе почнуваат да ја преминуваат и црвената линија.
Познато е дека блогерката Љупка важи за храбра во однос на разголувањето, а сега со Спејко до себе и голем љубовен жар, таа максимално ја ослободува страстa од себе, прикажа преку жешките фотографии.
Деновиве вљубените гулапчиња изработија заедничка фотосесија, а сработеното во сегменти го објавуваат на социјалните мрежи и своите модни блогови. Овој пат, двајцата се на задно седиште од автомобил, а Љупка е по гаќички со нозете кренати во вис и меѓуножјето на мегдан. Фотографијата ја поткрепи и со доста врел статус кој гласи:
-Сакам необична љубов, сакам е*ана бура. Сакам непреспани ноќи и бескрајни разговори до 3 наутро. Сакам страст, сакам лудило, сакам некој што е способен да направи целото тело да ми се тресе од растојание и исто така да ме повлече близу да направи смисла за сите мои коски, гласи описот на Љупка.
По ова, јасно е дека допрва може да очекуваме љубовна бура, а за тоа не мора да постои реално шоу.
„Големиот брат“ веќе се случува и надвор!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.