
Под мотото „Скопје мириса на кафе“ почна второто издание на фестивалот на кафето, кој ќе трае до 16 јуни, во кафе-бар АБЦ. Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите на кои кафето им претставува задоволство (производителите и дистрибутерите на кафе и опрема, како и крајните уживатели).
Фестивалската сцена, која ќе биде центар за забава и едукација, преку презентации на нови производи, до натпревари на бармени, дегустации, забави по работа, работилници наменети за најмладите, музичка програма е само дел од „дневното мени“ на фестивалот. Тука е и тематско претпладне наречено Старо Скопје – наменето за тие што го паметат „она“ Скопје, ритуалот кафе во тоа време и друштвените игри.

Во рамките на првиот фестивалски ден ќе се одржи второто Државно првенство на бармени на Македонија, во организација на Здружението на бармени на Македонија и „Кафе академи“ (Coffee Academy). Во рамките на фестивалот се одржува и изложба на фотографии од наградниот конкурс „Кафе мафе”. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени со курсеви по фотографија, награди од „Купи слика“ како и ваучери за фестивалот на кафе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


