| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје почна да мириса на кафе

02 (Custom)

Под мотото „Скопје мириса на кафе“ почна второто издание на фестивалот на кафето, кој ќе трае до 16 јуни, во кафе-бар АБЦ. Идејата на овој фестивал е на едно место да се соберат сите на кои кафето им претставува задоволство (производителите и дистрибутерите на кафе и опрема, како и крајните уживатели).

Фестивалската сцена, која ќе биде центар за забава и едукација, преку презентации на нови производи, до натпревари на бармени, дегустации, забави по работа, работилници наменети за најмладите, музичка програма е само дел од „дневното мени“ на фестивалот. Тука е и тематско претпладне наречено Старо Скопје – наменето за тие што го паметат „она“ Скопје, ритуалот кафе во тоа време и друштвените игри.

01 (Custom)

Во рамките на првиот фестивалски ден ќе се одржи второто Државно првенство на бармени на Македонија, во организација на Здружението на бармени на Македонија и „Кафе академи“ (Coffee Academy). Во рамките на фестивалот  се одржува и изложба на фотографии од наградниот конкурс „Кафе мафе”. Најдобрите фотографии ќе бидат наградени  со курсеви по фотографија, награди од „Купи слика“ како и ваучери за фестивалот на кафе.

03 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top