Кендо, знаат само да рушат, а ние знаеме само да градиме. Ќе го направиме Ѓорче поубаво и посплотено од кога и да било. Ќе ја направиме цела наша татковина поубава и посплотена од кога и да било, така и куќата. Они нека рушат, ние ќе градиме. Само тоа знаат, порача денеска од митингот во Ѓорче Петров носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје и генерален секретар на паријата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски апелира секој член, активист и поддржувач на партијата да ја посети секоја педа на општина Ѓорче Петров и да го пренесе мотото на партијата „Секогаш работа. Секогаш Македонија“.
– Ветуваат живот. Животот од Господ доаѓа. Но, ќе се вратиме назад. Каков живот они донесоа во оваа наша татковина. Се сеќавам кога почнуваше учебната година и кога нашите родители, родителите на мојата генерација мака мачеа и се бореа со средствата да обезбедат училишен прибор за нас учениците. Затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали овие маки, ги намали овие грижи на нашите родители и обезбеди бесплатни учебници за секој ученик. Се сеќавам кога број средношколци и матуранти не можеа да се запишат на универзитетите во Република Македонија затоа што не можеа да си ја дозволат превисоката партиципација, а беа супер дечки и девојки. Затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали и ја направи достапна до секој матурант, да може да си дозволи студирање за самиот себе, посочи Мицкоски.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се сеќава кога родителите на неговата генерација оделе дома со наведнати глави зашто биле прогласени за технолошки вишок и стечајци.
–Затоа Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди нови 170.000 работни места и донесе преку 100 странски инвеститори во нашата татковина. Затоа гласот на 15 октомври, треба да го дадеме за бројот 13, да ја заокружиме бројката 13 пред лавот и да ги поддржуме овие двајца кандидати, Владо Мисајловски – Кендо и Коце Трајановски за Скопје, порача Мицкоски.
Вели дека пред граѓаните стојат луѓе кои секојдневно се трудат да бидат подобри и се натпреваруваат со самите себе.
–Тие луѓе не манипулираат со бројки. Напротив, зборот кај нив е збор и секогаш дадениот збор планини тежи. Она што ќе го ветат, тоа и го исполнуваат. Ве молам, внимателно погледајте ја програмата за овие двајца кандидати, за Градот Скопје Коце Трајановски и Владо Мисајловски за општина Ѓорче Петров. Дадениот збор е напишан во нивната програма, а тој даден збор значи идна реализација како идни градоначалници на Градот Скопје и општината Ѓорче Петров. Овие луѓе овдека се свесни дека стоите вие храбри и силни жители на општината Ѓорче Петров кои секојдневно, а и низ годините наназад покажувате што значи верба, љубов и гордост за својата татковина, рече Мицкоски.
Потенцира дека граѓаните се тие кои им ја даваат силата и сигурноста.
–Вие сте тие кои што не мотивирате од ден на ден да бидеме се поквалитетни и се подобри и да се натпреваруваме со самите себе, а се со цел да го направиме вашиот живот и вашиот конфор се поудобен. Затоа на следните локални избори на 15 октомври ве повикувам масовно да ја дадете поддршка за кандидатите за градоначалници на Градот Скопје, Коце Трајановски и за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски. Да ја разделиме општина Ѓорче Петров. Да ја разделиме нашата татковина од ова помрачување кое Социјал-демократскиот Сојуз ни го прави, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст