| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со поддршка за Мисајловски: Дадениот збор планини тежи – тие знаат само да рушат, а ние само да градиме

Кендо, знаат само да рушат, а ние знаеме само да градиме. Ќе го направиме Ѓорче поубаво и посплотено од кога и да било. Ќе ја направиме цела наша татковина поубава и посплотена од кога и да било, така и куќата. Они нека рушат, ние ќе градиме. Само тоа знаат, порача денеска од митингот во Ѓорче Петров носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје и генерален секретар на паријата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски апелира секој член, активист и поддржувач на партијата да ја посети секоја педа на општина Ѓорче Петров и да го пренесе мотото на партијата „Секогаш работа. Секогаш Македонија“.

Ветуваат живот. Животот од Господ доаѓа. Но, ќе се вратиме назад. Каков живот они донесоа во оваа наша татковина. Се сеќавам кога почнуваше учебната година и кога нашите родители, родителите на мојата генерација мака мачеа и се бореа со средствата да обезбедат училишен прибор за нас учениците. Затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намали овие маки, ги намали овие грижи на нашите родители и обезбеди бесплатни учебници за секој ученик. Се сеќавам кога број средношколци и матуранти не можеа да се запишат на универзитетите во Република Македонија затоа што не можеа да си ја дозволат превисоката партиципација, а беа супер дечки и девојки. Затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали и ја направи достапна до секој матурант, да може да си дозволи студирање за самиот себе, посочи Мицкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се сеќава кога родителите на неговата генерација оделе дома со наведнати глави зашто биле прогласени за технолошки вишок и стечајци.

Затоа Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди нови 170.000 работни места и донесе преку 100 странски инвеститори во нашата татковина. Затоа гласот на 15 октомври, треба да го дадеме за бројот 13, да ја заокружиме бројката 13 пред лавот и да ги поддржуме овие двајца кандидати, Владо Мисајловски – Кендо и Коце Трајановски за Скопје, порача Мицкоски.

Вели дека пред граѓаните стојат луѓе кои секојдневно се трудат да бидат подобри и се натпреваруваат со самите себе.

Тие луѓе не манипулираат со бројки. Напротив, зборот кај нив е збор и секогаш дадениот збор планини тежи. Она што ќе го ветат, тоа и го исполнуваат. Ве молам, внимателно погледајте ја програмата за овие двајца кандидати, за Градот Скопје Коце Трајановски и Владо Мисајловски за општина Ѓорче Петров. Дадениот збор е напишан во нивната програма, а тој даден збор значи идна реализација како идни градоначалници на Градот Скопје и општината Ѓорче Петров. Овие луѓе овдека се свесни дека стоите вие храбри и силни жители на општината Ѓорче Петров кои секојдневно, а и низ годините наназад покажувате што значи верба, љубов и гордост за својата татковина, рече Мицкоски.

Потенцира дека граѓаните се тие кои им ја даваат силата и сигурноста.

Вие сте тие кои што не мотивирате од ден на ден да бидеме се поквалитетни и се подобри и да се натпреваруваме со самите себе, а се со цел да го направиме вашиот живот и вашиот конфор се поудобен. Затоа на следните локални избори на 15 октомври ве повикувам масовно да ја дадете поддршка за кандидатите за градоначалници на Градот Скопје, Коце Трајановски и за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски. Да ја разделиме општина Ѓорче Петров. Да ја разделиме нашата татковина од ова помрачување кое Социјал-демократскиот Сојуз ни го прави, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top