Второто издание на фестивалот за дебитантски филм „Киненова“ ќе се одржи од 6 до 11 октомври, под мотото „За сè има првпат“. Идејата на фестивалот е да открие, промовира и афирмира нови филмски приказни на нови автори, кои сè уште се недоволно истакнати во светската филмска јавност, давајќи им шанса на почетокот од нивните филмски кариери.
Според најавата, специјален гостин годинава ќе биде српскиот актер Жарко Лаушевиќ, кому ќе му биде доделено Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност.
Фестивалот, како и минатата година, ќе додели награди за најдобар филм, режија, сценарио и за најдобар филм според публиката, а ќе се натпреваруваат вкупно десет филма од девет земји (Израел, Канада, Костарика, Романија, Венецуела, Холандија, Америка, Босна и Шпанија). Филмовите ќе бидат оценувани од стручно жири, кое оваа година е составено од Горан Марковиќ (Србија), претседател, Хулија Учансу (Турција ), Синоличка Трпкова (Македонија ) и Игор Гало (Хрватска).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Три фантастични филмови на Зеки Демиркубуз- enfant terrible на турската кинематографија во кино „Милениум“
-
Небојша Јовановиќ, директор на МФФ „Киненова“: Нема поубава работа од тоа да си го одржите личниот, но и колективниот интегритет на високо ниво
-
Репризни проекции на филмовите наградени на „Киненова“
-
Денеска завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“