| четврток, 6 декември 2018 |

Театар Охрид со „Аналфабет“ гостува во Куманово, Виница и Радовиш

Народниот Театар од Охрид со претставата “Аналфабет” гостува на неколку фестивали во неколку градови во Македонија.

Вечерва ансамблот на театарот гостува во Куманово на јубилејниот дваесети Интернационален фестивал  “Денови на комедија”, кој е во организација на центарот за култура “Трајко Прокопиев” од Куманово.

Мини турнејата продолжува наредниот ден во Виница на деветтиот фестивал на хумор и сатира “Ин Виница Веритас”, кој се одржува во центарот за култура “Тошо Арсов”. И овој фестивал е од межународен карактер.

Во четврток претставата “Аналфабет” ќе се одигра и во Радовиш во центарот за култура “Ацо Караманов”

Претставата “Аналфабет” е во режија на Ѓорѓи Ризески, а играат актерите Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска. Автор на комедијата е Бранислав Нушиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top