| четврток, 6 декември 2018 |

Ви потемнуваат белите алишта при перење: Ставете аспирин во машината за перење

Честопати по перењето на белите алишта забележуваме дека дошло до промена на бојата и наместо чисто бела, облеката станала сива. Колку и да се обидувате да се справите со проблемот, едноставно не ви оди од рака.

Решението е во аспиринот.

Растворете 300 мг аспирин во 2 литра топла вода. Оставете таблетите добро да се растворат во водата. Потоа сивите алишта оставете ги да отстојат во оваа вода преку ноќ. Аспирин таблетите можете да ги ставите и во машината за перење бидејќи на тој начин побрзо ќе се растворат.

На овој начин нема да трошите пари на најразлични избелувачи за облека, затоа што аспиринот ќе ви помогне да ја вратите белата боја на алиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top