Наместо 10.000 евра,овогодинешниот победник на Макфест ќе земе 5000 евра. Кратењето на наградниот фонд на еден од најстарите фестивали за забавна музика доаѓа откако Министерството за култура на неколку денови пред самиот старт на фестивалот одлучи од 22.500 евра, да го скрати на 3500. По ова општина Штип како главен организатор одлучи, наградите сама да си ги обезбеди.
Потребните парични средства за прво, второ и трето наградените композиции на Макфест има, Општина Штип ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. Засега е неизвестно дали организаторите ќе бараат одговорност од ресорното министерство за непочитување на претходнопотпишаниот договор.
Овогодинешното 32-ро издание на Макфест стартува на 5-ти октомври и на двете фестивалски вечери ќе настапат 28 изведувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.