| четврток, 6 декември 2018 |

Гутереш: Испуштивме историска шанса за обединување на Кипар

Пропуштена е историска можност во швајцарското летувалиште Кран Монтана, каде се бараше формула за повторно обединување на Кипар, но преговорите завршија без договор, се наведува во извештајот за Кипар подготвен од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во документот се оценува дека во Кран Монтана до голем степен било договорено решение за стратешки договор за решавање на кипарскиот проблем, но завршило безуспешно поради недоверба и недостиг на политичка волја.

Извештајот е со датум 28 септември и го опфаќа периодот од мај 2015 до август 2017 година.

„Двете страни се доближија до постигнување стратешко разбирање за прашањето за безбедност и гаранциите, како и за сите останати суштински елементи за целосно решавање на проблемот, нагласи Гутереш, додавајќи дека според него, „Кран Монтана била пропуштена историска шанса“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top