Спорот за името е главна пречка за поголема соработката меѓу грчките и македонските фирми но не е едниствениот проблем велат од грчката бизнис асоцијација. Има многу грчки бизнисмени кои работат во Македонија но и македонски компании и физички лица кои сакаат да инвестираат во Грција. Затоа од грчката бизнис асоцијација бараат превземање на мерки за надминување на политчките бариери.
– Поради финансиски интерес луѓето се обудваат да го надминат овој проблме. Секако ако нема проблем нештата би биле полесни и подобри. Има голем број на грчки фирми кои работата овде во Скопје и има и голем интерес од компании тука и од физички лица од вашата земја кои сакаат да инвестираат во Грција. Дефинитивно проблемот со името е проблем но има уште многу други работи за кои не би сакал да зборувам. Добро ги знаете тие работи. Мислам дека е време да се работи да се превземат мерки за да се надмине проблемот, рече Куријакос Лоуфакис, претседател на грка бизнис асоцијација.
Подобрувањето на инфрастуктурата, железникото поврзување но и немањето на дирекна авио линија од Скопје до Атина се останатите проблеми кои ги посочија бизнисените на форумот и на кои треба вбо иднина да ссе работи за да можат бизнисмените од двете земји да ја зголемат соработката од која економски бенефит би имале сите.
Грција најмногу инвестира во Макеоднија во банкарството, нафтената индустрија, трговијата и текстилниот сектор. Минатата година остварена е трговска размена од близу 600 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.