Во Гостивар се донесе една крупна странска инвестиција која ќе достигне до 3.000 директни вработувања и плус индиректни вработувања. ВМРО-ДПМНЕ отвори над 5.600 нови работни места во последните 10 години. Во Гостивар бројот на вработени лица во 2006 изнесувал се на се 7.400 лица, а на крајот на 2016 година изнесува над 13.000 вработени лица, истакна Никола Груевски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар.
-Во Гостивар се реконструираа патишта, завршена е филтер станицата која е трајно решение за обезбедување за квалитетна вода за пиење, се грижевме и за унапредување на здравствената инфраструктура, инвестиравме и во образовната инфраструктура во општина Гостивар, изградивме спортска сала, фудбалско игралиште, отворивме нова детска градинка, се реконструираше фасадата на Бегова куќа, се направија многу други проекти, но во новата ера ќе се продолжи со уште поголеми проекти и дела, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, започна и во тек е градба на гасоводниот систем, продолжуваме со инвестирање на патната инфраструктура, предвидуваме и реконструкција на повеќе улици…
-Со новата програма на кандидатот за градоначаник Дафина Стојаноска и советниците ќе продолжиме и со поплочување на тротоарите и подобрување на инфраструктурата во руралните подрачја, ќе се реконструираат спортските сали во училиштата. Во програмата се ветува уште една нова детска градинка, изградба на стационар за кучиња скитници и дислокација на депонијата, како и многу други проекти и затоа исклучително важно е на 15 октомври да излезат сите со поддршка за нова ера во Гостивар, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.