| четврток, 6 декември 2018 |

Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив

-Мила Царовска најавуваше втора смена во градинките од септември, но ќе помине и октомври, а тоа не се случи, ниту пак може да се случи. Ова покажува какво големо незнаење има Царовска од областа на заштита и згрижување на децата во предучилишниот период.

Ова го истакна Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на општина Чаир, на денешната панел-дискусија на Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нека излезе Царовска на терен, а не од канцеларија да прави анкета, бидејќи тоа не е репрезентативен примерок, тоа е несериозност. И срамота е да се потпира на вакви анкети.

Таа подвлече дека ниту планираните градинки низ Македонија нема да се отворат, бидејќи нема средства во буџетот за таа намена. Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата „Реално“ имаше планирано отворање на 140 детски градинки.

-Царовска и нејзината влада скратија од буџетот 5,6 милиони и сега таа не се срами да излезе и да каже дека планира втора смена, а знаеме дека за втора смена во градинките се потребни 1.000 нови вработувања, а за тоа треба да се зголеми и буџетот. Но, тие наместо да го зголемат, го намалија, потенцираше Теловска.

-Оваа влада е антиреформаторска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top