Русија планира да подигне ограда меѓу Крим и Украина, објавија руските медиуми.
Пограничната управа на Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека на границата меѓу Крим и Украина ќе изгради ѕид долг 50 километри.
Како што се наведува во соопштението, оградата ќе биде подигната во интерес на безбедноста на полуостровот Крим, кој Русија го анектира во 2014 година.
Оградата ќе биде висока 2,4 метри, а нејзината изградба, која треба да заврши до 20 декември, ќе чини повеќе од три милиони евра. Пред и зад оградата ќе бидат поставени „инженерски препреки“.
Пропишано е дека конструкцијата на оградата мора да биде отпорна на различни климатски услови, вклучувајќи и влажност на воздухот до 98 проценти и температура до плус 65 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.