| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски:Целосно ќе се реконструира „Индира Ганди“, главната улица во Шуто Оризари

Целосна реконструкција на „Индира Ганди“, главната улица во општината Шуто Оризари, во должина од 2,5 километри, е нов проект од изборната програма на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, кој денеска беше промовиран.

-Минатата година и во дел од оваа година беше направена атмосферска канализација на оваа улица. Со реконструкцијата ќе се добие една побезбедна и подобра улица која ќе обезбеди поголема безбедност на пешаците, а ќе добие и подобар лик и урбан изглед општината Шуто Оризари. Покрај тоа, Град Скопје ќе помогне и во правењето на паркинг блиску до главниот пазар кој ќе овозможи растеретување на главната улица од возилата.

И во минатото, додаде Трајановски, Град Скопје помагаше со меѓуопштинска соработка за санација на голем број на улици во општина Шуто Оризари, а истото ќе се продолжи и во следниот мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top