Во Кинотеката на Македонија, од 2 октомври до 6 октомври ќе се одржи НЕДЕЛАТА НА СОВРЕМЕН ЈАПОНСКИ ФИЛМ, во чии рамки ќе се прикажат филмови од современата јапонска кинематографија.
Оваа ревија ќе започне на 2 октомври со проекцијата на филмот НАСЕКАДЕ ОКОЛУ НАС во режија на Хашигучи Ријосуке, а потоа следуваат проекциите на филмовите ПИСМАТА во режија Шоно Џиро), СКИЦИТЕ ОД (ГРАДОТ) КАИТАН на Кумакири Казујоши, МАЈКАТА НА ПЕКОРОСУ И НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ на Морисаки Азума, и ДА СЕ БИДЕ ДОБАР во режија на Ох Мипо.
Сите филмови се со македонски и англиски превод.
Проекциите започнуваат во 20 часот; влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.