Додека снимала репортажа во дворот на средното техничко училиште во Шибеник, новинарката на емисијата „Проверено“, Ана Малбаша, наишла на педофил кој и пристапил мислејќи дека е ученичка. Тој најпрво и понудил 50 куни за да се прошетаат, а потоа и за да прават нешто друго, но не знаел дека целата случка се снима.
Таа веднаш сфатила дека тој помислил дека е ученичка, а потоа целата конверзација ја снимила со својот телефон и глумела дека е малолетна. Во прошетката тој потоа и понудил да отидат до една место во близина, каде никој нема да ги гледа.
– Што мислиш, дека ќе те изедам? Па јас не сум волк, никого не гризам. Каква ќе бидаш ти спрема мене, таков ќе бидам и јас спрема тебе. Јас мислам дека сум фер, ќе ти дадам 50 куни. Дојди седни кај мене во скут, ја притискал тој за да ја намами да влезе во една напуштена куќарка пред која ја однел.
Како што самиот рекол, на ист начин се „дружел“ и со девојче кое е осмо одделение, а рекол и дека минува така и пред други училишта.
Целиот прилог за ужасната средба на новинарката може да го погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.