| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага во Белата куќа за користење приватни мејлови за службени потреби

Белата куќа покрена внатрешна истрага за користење приватни мејлови за службени потреби.

При истрагата, Белата куќа преку својот сервер ги пребарува преписките од приватните мејлови на соработниците на американскиот претседател, вклучувајќи ја и неговата ќерка Иванка Трамп и зетот Џеред Кушнер, наведуваат извори блиски на истрагата.

Истрагата започна оваа недела откако некои медиуми објавија дека Кушнер и други вработени во Белата куќа во текот на минатата година користеле приватни мејлови за службени потреби.

Најмалку петмина сегашни и поранешни службеници на Белата куќа користеле приватни мејлови, меѓу кои, покрај Кушнер и Иванка Трамп, и Гери Кон, Стив Бенон и Рејнс Прибус.

Истрагата, во која се анализираат сите службени мејлови пратени преку приватни и-меил адреси на високи службеници во Белата куќа, би можела да трае неколку недели дури и месеци.

Веста за приватните мејлови изненади многу адвокати на Белата куќа, а многу службеници се гневни поради истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top