| четврток, 6 декември 2018 |

Реновирање на Белата куќа: Трамп лично ги избирал тапетите

По двомесечното реновирање кое чинело повеќе од три милиони долари, Белата куќа добила нов изглед. Реновирањето на Белата куќа започнало на 4. август, кога Трамп отишол на „работен одмор”.

Во овалниот кабинет поставени се и нови тапети кои ги избрал лично Доналд Трамп, а на плафонот над лустерот е поставена статуа од орел во златна боја.

Во собата на Рузвелт е поставен портрет од Френклин Рузвелт. Вкупно се поставени 6.000 метри нови теписи, а само таа инвестиција чинела повеќе од милион долари.

Сиот мебел во Белата куќа е направен во САД, соопштиле од Белата куќа. Кога станува збор за техничката реконструкција, унапреден бил и системот за греење, проветрување, клима и ИТ системите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top