| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Бесплатни униформи и прибор за основците во Центар, помош за социјално загрозените семејства

Во однос на образованието во делот на основните училишта, ќе направиме реконструкција на спортските сали и условите каде децата престојуваат, во однос на столчиња, клупи, ходниците. Моите деца одат во основно училиште и гледам дека има разлика во однос и на сфаќањето и на културата и на можностите образованието да биде нормален дел, посочи Дејан Јовановски, кандидат за градоначалник на Општина Центар во ТВ дебатата на ТВ Нова.

-Треба да им помогнеме на социјално загрозените родители, самохрани родители, луѓе кои не можат да си дозволат финансиски одење во училиште на децата. Сакаме униформите за децата до прво до деветто одделение да бидат бесплатни, секој прваче да добие бесплатен прибор, за социјално ранливите семејства обрските кон училиштето да бидат субвенционирани од општината, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски вели дека реконструкцијата на спортските сали е еден од приоритетите.

-Во однос на професоналниот спорт, ќе бидеме позади КК Работнички, но не само Работнички, финансиски ќе помогнеме на сите клубови од сите спортови кои имаат седиште на територија на општина Центар, посочи Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top