Кристал Херис вдовицата на починатиот Хју Хефнер беше со него во брак 5 години. Во една прилика призна дека тие двајца немаат секс, а во тестаментот што го остави зад себе Хефнер, основачот на „Плејбој“ го нема нејзиното име. Дали се прашувате и вие исто што и ние?
Веста за смртта на Хју Хефнер, американскиот маг на еротиката, од утринава ги преплави сите светски медиуми. Хју Хефнер засекогаш ги затвори очите во својот дом на 91 годишна возраст опкружен со најсаканите. Меѓу нив беше и неговата сопруга Кристал, жената со која беше во брак уште од 2012 година.
Иако беше крај него до последниот момент крупната блондинка со заносни облини, инаку 60 години помлада од Хефнер, нема да наследи ниту цент од неговото богатство кое изнесува 200 милиони долари, пишуваат американските медиуми. Ако треба нив да им се верува, така пишува во предбрачниот договор. Парите, недвижностите и движните богатства им остануваат на децата на Хефнер и на хуманитарни здруженија.
Она што сепак стои во предбрачниот договор е дека Кристал месечно ќе добива одредена сума пари кои се доволни да и ги покријат трошоците за живот на кој била навикната.
Хефнер и Кристал се венчаа на гала свеченост во 2012 година. Таа во една прилика изјави дека меѓу нив никогаш немало секс, односно дека еднаш се обиделе, но Хју издржал само две секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наследи големо богатство: Вдовицата на Хју Хефнер донесе одлука за која сите ја осудуваат!
-
И од гробот управува со нивните животи – Хефнер остави милиони на сопругата и децата, но може да ги изгубат сите пари
-
Војна за наследството на пoранешниот маж на Ивана Трамп: Мајката и чичкото сакаат да грабнат од синот
-
Хефнеровата вдовица ги изненади членовите на неговото семејство!