| четврток, 6 декември 2018 |

На „Браќа Манаки“ македонска премиера на новиот филм на Теона и Лабина Митевски „Кога денот немаше име“

Во рамки на Главната програма на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на 29 септември, со почеток во 19,30 часот, во големата сала на Центарот за култура – Битола, премиерно ќе биде прикажан македонскиот филм „Кога денот немаше име“, во режија на Теона Митевска, известија од ИФФК „Браќа Манаки“.

Кинематограферка на овој филм е познатата Ањес Годар, која освен овој филм, го потпишува и „Нека влезе сонцето“. Сценариото на филмот „Кога денот немаше име“ е на Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска, продуцент е Лабина Митевска.

Улогите ги толкуваат Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов, потоа Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Костовска и Лабина Митевска, за првпат се појавуваат и Петрунија Киселички и Инес Ходич.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top